16.05.2017 - Пријавена кражба во црквата Свети Јован Богослов во Прељубиште

40-годишник од тетовското село Прељубиште, вчера наутро пријавил тешка кражба која ноќта помеѓу 14-ти и 15-ти овој месец била извршена во црквата „Свети Јован Богослов“. Засега непознати сторители го скршиле прозорското стакло од северната страна на објектот, со дименизии 60 пати 30 сантиметри, влегле внатре и од касата одзеле околу 700 денари во разни апоени, по што незабележани заминале. Извршен е увид и се расветлуваат сите поединости поврзани со оваа кражба и нејзините сторители.

Инаку од почетокот на годинава црквите се често мета на кражби и разбојништва. Пред неколку дена беше ограбена цркавата „Свети Димитрија“ во гостиварското село Митрови Крсти.

Во месец март беа искршени две прозорски стакла на црквата „Света Петка“ во Туденце, беше ограбена црквата „Свети Никола“ во тетовското село Копанце, додека во дворот на црквата „Свети Никола“ во Тетово непознати сторители ја оштетиле, односно скршиле макетата на мала црква.

И во февруари беа извршени тешки кражби во неколку цркви во Полошко. Кратците не нашле пари, но предизвикале материјална штета во црквата Свети Никола во село Лешница. Кражби биле регистрирани и во црквите „Свети Петар и Павле“ во Долна Бањица и „Свети Ѓорѓија“ во Здуње, Гостиварско, а оштетување на жичаната ограда и икршени ќерамиди било пријавено од Црковниот одбор на црквата „Свети Ѓорѓија“ во тетовска Мала Речица.

Во првиот месец од годинава, пак, ограбена била и црквата „Свети Петар и Павле“ во Бањица.

Обично кратците насилно влегуваат во објектите на црквите при што ги одземаат доброволни парични прилози од верниците. Обично сумите се мали или воопшто нема оставено пари, а материјалната штета што ја причинуваат насилно влегувајќи е поголема.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.