14.05.2017 - Емилија Стеванџиевска од Битола ја понесе титулата Вешта жена на Македонија за 2017 година на вчера одржана манифестација

Емилија Стеванџиевска од Битола ја понесе титулата Вешта жена на Македонија за 2017 година на вчера одржана манифестација. Нејзината маса насловена како Патот кон богатството го освои симпатиите и на публиката и на жири комисијата. На годинешното 25 по ред издание на Републичкта манифестација Вешта жена своите кулинарски вештини ги одмерија победничките на општинските натпревари на 15 градови во Македонија.
На вчера одржаната манифестација 8 натпреварувачки од различни градови во Македонија се претставија со своите маси во гран при конкуренцијата. Победничка во оваа категорија беше Магдалена Мафкова од Струмица која виедно ја прими и наградата сребрен медал за 12 години учество на изботот за Вешта жена.

Правилото на учество вели дека натпреварувачката треба три години претходно да се напреварувала во изборот за Вешта жена.

16 годишната Емилија Србиновска вчера беше најмладата учесничка на Изборот на Вешта жена на Македонија за 2017 година. Нејзиното прво учество беше крунисано И со второ место според гласовите и на жири комисијата и на публиката.

За најголемиот број од учесничките манифестацијата има помалку натпреварувачки карактер, а повеќе е дружење.

Од година в година Изборот на вешта жена добива размери на професионален натпревар затоа што натпреварувачките се повеќе го креваат критериумот со својата умешност, креативност и мајсторство. Од годинава на вештите жени од Македонија и на Највештата жена од Швајцарија им се приклучи и највештата жена од Србија.

Ниту една манифестација Вешта жена не минува без музика и добра забава. И овој пат присуните припаднички на понежниот пол уживаа во музика во живо, а на подиумот енергично се танцуваше и се играа ора.

Вешатата жена на Тетово за 2017 година Менче Илијевска на вчера одржаната Републичка манифестација доби најмногу гласови за својата маса од остатанатите натпреварувачки. Меѓусебното гласање од оваа година за прв пат се воведува како категоријата за натпреварување.


 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.