13.05.2017 - Кавадарчани во Гостивар синоќа направија вечер на културата

Дела од ликовната колонија „Михајлово 2016“ на Домот на културата од Кавадарци, синоќа беа изложени пред гостиварци. Љубителите на уметноста имаа можност да видат дваесетина слики создадени од уметници учесници на колонијата од повеќе земји: Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Словенија и други.

Изложбата се реализираше како резултат на соработката меѓу Центарот за култура АСНОМ во Гостивар и кавадаречката културна установа.

Задоволство од плодната соработка меѓу двете установи изрази и директорот на гостиварскиот Центар за култура, Луан Зенки. На свеченото отворање кусо се обрати и претседателот на друштвото на ликовни уметници од Гостивар, Драудакум, професорот Решат Амети, кој подвлече дека и во иднина ќе продолжат да се организираат вакви настани.

Освен со изложба на ликовни дела, кавадарчани во Гостивар се претставија и со театарска претстава - комедијата „Стјуардеси“.

Љупка Антеска

 
     


 
 
25.09.2017 - КУД "Кирил Пејчиновиќ" од Теарце учествуваше на манифестацијата "Сребрен казан"

25.09.2017 - Седум годишно девојче пешак и велосипедист се повредени во две сообраќајки на подрачјето на Тетовско и Гостиврско

23.09.2017 - Ден на гравот во тетовско Теарце

23.09.2017 - На гостиварското подрачје регистрирани се две сообраќајни несреќи со повредени

23.09.2017 - Жител на гостиварска Горна Бањица пријавил дека бившото момче на неговата ќерка злоупотребувал нејзини фотографии

23.09.2017 - In Memoriam-Љубиша Љубо Павловиќ

23.09.2017 - Ин Мемориам-Љубиша Љубо Павловиќ

22.09.2017 - Нови бандери за улично осветлување во Тетово

22.09.2017 - На боксерска ревија во Гевгелија ќе настапи боксер на тетовскиот бокс клуб Шкендија

22.09.2017 - Кражба "тешка" околу 79 илјади денари случена завчера во куќа во Гостивар

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.