21.04.2017 - Полициски билтен




Вработен во Основото училиште „Исмаил Ќемали“ во гостиварското село Симница, вчера наутро околу 7 часот и 45 минути пријавил дека 15 -годишен ученик од ова училиште физички нападнал 62 годишен наставник од ова село - соопшти СВР Тетово. По кусата вербална расправија поради тоа што ученикот одбивал да влезе во училницата, малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди на левата страна од главата, односно расекотина и оток на челото. Нешто подоцна, во присуство на родител, 15-годишникот повикан е во Полициската станица Гостивар, разговарано е со него и по целосното расчистување на сите поединости ќе се соочи со соодветен поднесок.

Вчера околу 14 часот, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа со учество на три патнички возила: „Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 45-годишна жена од Непроштено, „Фиат пунто“ , исто така, со тетовски таблици, што го управувал 37 годишен жител на Џепчиште и „Мерцедес“ со странски таблици, управуван од 48 годишен жител на Јажинце. Како што ссопшти СВР Тетово, во несреќата, сопатничка од „Пунтото“ задобила телесни повреди, со друго возило пренесена е во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштена е на домашно лекување. Првично, причина е недржење растојание.

На автопатот Тетово-Гостивар, во близина на Неготинскиот надвозник, вчера наутро околу 8 часот, патничко возило „Голф“ со гостиварски таблици, управувано од 41 годишен гостиварец удрило и усмртило зајак, кој неконтролирано се движел по коловозот. Нема повредени во возило, а причинета е значителна материјла штета. Причина за оваа сообраќајна несреќа е необезбеден коловоз, поради што минатата година на полошкото подрачје и пред се на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје се случиле вкупно 118 несреќи, предизвикани од животни.

Како што ссопшти СВР Тетово, по тетовските улици и натаму се движат нерегистрирани возила до 30 и над 30 дена, како и возила што ги управуват лица без положен возачки испит. Во вчерашната контрола биле откриени 6 нерегистрирани возила, 4 „диви“ возачи, 5 возачи-почетници и 8 непрописно паркирани возила, кои се подигнати од овдешната „пајак-служба“. Овие и другите прекршоци заокружени се со 12 прекршочни, 22 мандатни платни налози и со 2 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.

 
     


 
 
26.04.2017 - Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денес го организираше традиционалниот Саем на кариера

25.04.2017 - Почина Љубомир Аврамовски Шапшо

25.04.2017 - Фејсбукот е најчестата алатка за злоупотреба на лични податоци во поширокото тетовско подрачје

24.04.2017 - Резултати на спортските екипи од Тетово

24.04.2017 - Во атарот на село Лешок украдени се 90 украсни дрвца

23.04.2017 - Отворена урбана библиотека во училиште

23.04.2017 - Одиграна преставата Европјани во Центарот за култура Ило Антески Смок во Тетово

22.04.2017 - Реконструирани тротоари од двете страни, нови жардинери со фонтани и внатрешно улично осветлување

22.04.2017 - Регионален натпревар по народна техника денес се одржа во ОУ "Братство Миѓени" во Тетово

21.04.2017 - Поради целосна реконструкција, главната улица во населбата Дутлок во Гостивар во наредните две недели ќе биде непреодна

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.