20.04.2017 - Малолетничка го ограбила својот дом

Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, ја расветли тешката кражба во куќата на 52-годишен гостиварец, која била извршена завчеравечер, а пријавена вчера наутро. Осомничена дека е сторител на оваа кражба е малолетничка со нецели 18 години, инаку ќерка на сопственикот на куќата. Осомничената, вечерта од регал во дневната соба го зела училишниот ранец во кој имало кутија со разновиден златен накит ( ќустек, нараквици, ѓердан и друго ) и преку прозорецот им го фрлила на двајца нејзини другари на возраст од 17 години, кои чекале во дворот, додека лапотопот кој, исто така, бил пријавен дека е одземен, го ставила на друго место, по што вчера наутро исценирала пребарување низ просториите. Осомничената и двајцата малолетници повикани се во Полициската станица Гостивар, разговарано е со нив и пронајдено е сето одземено. По целосното рачистување на сите поединости, во консулатација и координација со јавен обвинител, ќе следува соодветен поднесок.

Вчеравечер околу 22 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го привеле 31-годишен албански државјанин од Корча, кој немал никакви документи за идентификација и нелегално престојувал во Република Македонија. По приведувањето, задржан е во Полициската станица Тетово, а денеска е предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка и ќе се соочи со соодветен поднесок.

Вчера околу 14 часот и 30 минути, на Булеварот „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила: „Опел корса“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 27-годишен чегранец и „Фолсфаген туран“ со германски таблици, што го управувал 40-годишник од Чајле. Во судирот нема повредени, но причинета е значителна материјална штета. Извршен е увид и се утврдува причината за судирот. Првично, причина е непочитување на сообраќаен знак.

Секторот за внатрешни работи ги засили сообраќајно-контролните активности на патиштата, во функција на навремено откривање и отстранување на различните видови прекршоци и подобрување на вкупната ебзбедност на сите учесници. Вчера во Тетово откриени се триесетина сообраќајни прекршоци.Најбројни меѓу нив повторно се: управување без возачка дозвола ( 7 ) и неправилно паркирање ( 6 ). Покрај тоа, две возила биле со истечена регистрација, а 1 возач-почетник не се придржувал на законските ограничувања за оваа категорија возачи. Сите вчерашни прекршоци санкционирани, односно заокружени се со 21 прекршочен и 9 мандатни платни налози.

Данијела Билбилоска



 
     


 
 
23.05.2018 - Полициски билтен

23.05.2018 - Свечена академија во пресрет на Денот на сесловенските просветители

23.05.2018 - ОЈО Тетово поднесе обвинение против 13 лица учесници во вооружениот инцидент во Мала Речица

23.05.2018 - Викендов ќе се одржи 37-то традиционално искачување на Титов Врв

22.05.2018 - Прослава на Свети Никола - летен во Доброште

22.05.2018 - Тетово повторно под вода

22.05.2018 - 24 -годишник од Република Албанија заработи кривична пријава поради постоење основи за сторени кражби во џамија

22.05.2018 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

21.05.2018 - Во сообраќајни контроли евидентирани 29 алкохолизирани возачи

21.05.2018 - Случаи на грип во Гостивар и во месец мај

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.