18.04.2017 - Железничка незгода на влезот во Гостивар



Вчера попладне околу 18 часот и 30 минути, на железничката пруга во близина на Складиштето за државни резерви, на влезот во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: дизел локомотива „Кенеди“ на „Македонски железници“, управувана од 48 годишен жител на Зелениково и патничко возило „Сеат леон“ со тетовски регистерски таблици, што го управувал 20 годишен тетовец - соопшти СВР Тетово. Во несреќата, тетовецот задобил лесни телесни повреди, со медицинско возило пренесен е во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош, пуштен е дома. По овластување на јавен обвинител извршен е увид и се расветлуваат сите поединости поврзани со несреќата.Првично, причина е непочитување на сообраќаен знак, а материјалната штета се проценува на 150 илјади денари.

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњскиот мост на Вардар, вчера околу 16 часот и 30 минути се случила сообраќајна несреќа со учество на патничко возило „Цитроен“ со скопски таблици, управувано од 22 годишен скопјанец и товарно возило „Пежо“ со германски таблици, што го управувал 54 годишен германски државјанин. Како што соопшти СВР Тетово, во судирот, сопатниците од „Цитроенот“ завршиле, првиот со тешки, а втората со телесни повреди.По укажаната помош, сопатничката со телесни повреди е пуштена дома, додека лицето со тешки повреди со приватно возило пренесено е на скопските клиники.Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата, вкупната материјална штета и другите поединости.

Наташа Петровска

 
     


 
 
23.05.2018 - Полициски билтен

23.05.2018 - Свечена академија во пресрет на Денот на сесловенските просветители

23.05.2018 - ОЈО Тетово поднесе обвинение против 13 лица учесници во вооружениот инцидент во Мала Речица

23.05.2018 - Викендов ќе се одржи 37-то традиционално искачување на Титов Врв

22.05.2018 - Прослава на Свети Никола - летен во Доброште

22.05.2018 - Тетово повторно под вода

22.05.2018 - 24 -годишник од Република Албанија заработи кривична пријава поради постоење основи за сторени кражби во џамија

22.05.2018 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

21.05.2018 - Во сообраќајни контроли евидентирани 29 алкохолизирани возачи

21.05.2018 - Случаи на грип во Гостивар и во месец мај

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.