18.04.2017 - Се самозапалило возило во движење

Вчера околу 22 часот и 30 минути на патот кон Горно Седларце, патничко моторно возило Опел вектра со тетовски регистрарски таблици се самозапалило во движење. Како што информираа од тетовската територијална противпожрана едница, пожарот бил пријавен од случајни минувачи, по што било излезено со две возила и 5 пожарникари. Огнот за кратко време е локализиран. За среќа нема повредени во возилото во кое имало 3 лица. Причинета е голема материјална штета. Како што не информира командирот на тетовската територијална противпожрана едница, Ука Алити, за 4 месеци ова е четврти случај на опожарување на возило. Поради ова апелира до возачите редовно и навреме да ја поверуваат техничклата исправност на своите автомобили.

Четириесет и двегодишен жител на горнореканското село Рибница, вчера наутро пријавил пожар кој се случил помеѓу 15-ти и 17-ти овој месец, а кој најверојатно бил подметнат од засега непознати сторители.Целосно опожарена е неговата и куќата на стрико му во Рибница, кои биле една до друга и во кои години наназад никој не живеел - соопшти СВР Тетово.Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за пожарот, околностите во кои се случил и се друго, додека вкупната материјална штета, според пријавителот, се проценува на 20 илјади евра.

Во периодот помеѓу 14-ти и 17-ти овој месец, засега непознати сторители извршиле 5 тешки кражби во исто толку лекарски ординации на Здравствениот дом Гостивар, лоцирани на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар. Како што соопшти СВР Тетово, по насилното отворање на двокрилните прозорци на ординациите, влегле внатре и освен во две, од кои не одзеле ништо, во другите одзеле: 4 лаптопови, 6 УСБ-иња, 2 читачи на здравствени картички и 2 мауси, а потоа незабележани од никого, се оддалечиле од објектот, противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на околу 85 илјади денари и причинувајќи материјална штета од 3000 денари.Извршен е увид, се расветлуваат сите поединости поврзани со кражбите и се работи на откривање на сторителите.


Наташа Петровска

 
     


 
 
17.12.2017 - Денеска е Св.Варвара

17.12.2017 - Од утре не очекува значително заладување на времето

17.12.2017 - Одржан Меморијалниот турнир во одбојка Бранко Хаџииљоски-Чајка

16.12.2017 - Непознато лице испукало два куршуми од огнено оружје во автомобил на тетовец

15.12.2017 - Со слики кои пленат, синоќа тетовскиот ликовен уметник Зоран Бошковски се престави пред скопската публиика

15.12.2017 - Во Тетово се одржа јавна дебата на тема граѓанско учество

15.12.2017 - Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце од Тетово одбележа 20 години од постоењето

14.12.2017 - Тетовска полиција има регистрирано две сообраќајки

14.12.2017 - Кривична пријава за бесправно градење

14.12.2017 - Водата од тетовскиот водовод е исправна и безбедна за пиење

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.