19.04.2017 - Санација и реконструкција на неколку училишни згради во Тетово

Дотраениот објект на основното училиште "Лирија" во Тетово во моментов е во фокусот на градежните инвестиции на општина Тетово. Како што не информираа од Секторот ја јавни дејности во училиштето привршува реконструкцијата на тоалетите, а Министерството за образование и наука подготвува терен со почетокот на летниот распуст да започне со санацијата на кровната конструкција. Паралелно се работи и на другите училишни згради во општината.

Од Секторот ја јавни дејности при општина Тетово најавија и изградба на спортски сали во две основни училишта.

Грејната сезона официјално заврши на 15 април. Оваа сезона основните и средните училишта во општина Тетово потрошиле оптимални 400 илјади и 7 литри нафта.

Од оваа сезона подрачните училишта во селата Лисец и Гајре официјално го напуштија стариот начин на греење со печки на дрва и започнаа со централно парно греење.

Наташа Петровска

 
     


 
 
20.08.2017 - Проблемот со дивата депонија ги мачи тетовци цели 15 години

17.08.2017 - 5 повредени лица е билансот на две сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден

17.08.2017 - Додека снаата била во бањата кратци украле златен накит вреден речиси 37 000 евра во куќа во Боговиње

17.08.2017 - Полицијата ќе ги отстранува хаварисаните возила оставени на јавни сообраќајници или зелени површини

17.08.2017 - Успешен старт на фудбалери на Тетекс во Купот на Македонија

16.08.2017 - Детското игралиште во Жена парк спроти Спортскиот центар во Тетово полека но сигурно го губи својот сјај

16.08.2017 - Ниту едно одобрение за градба не е издадено во месец јуни во Тетово

16.08.2017 - Обука за невработени лица

15.08.2017 - Чествување на празникот посветен на светите Макавеи во тетовското село Глоѓи

14.08.2017 - Температурните разлики изминативе два дена ги зголемија интервенциите на екипите на Брзата Помош Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.