18.04.2017 - Исчистен сметот на надвозникот на излезот на Тетово, но купишта отпад се уште има во правец кон стариот пат кон Скопје

Сметот што беше оставен на надвозникот на излезот на Тетово, а за кое Комуналното претпријатие тврдеше дека несовесни граѓани го истуриле е исчистен, но се уште купишта отпад се натрупани во правец кон стариот пат кон Скопје. Негово чистење од Регионалната единица Комунална хигиена најавуваат за следниот месец.

Се уште се користи и претоварната станица на излезот од градот. Надлежните веќе подолг период најавуваат дека за решавање на овој проблем ќе биде изграден затворен објект каде ќе се складира сметот.

Инаку, на претоварната станица пред неколку месеци локалните мештани поставија ограда од дрвени столбови и жица, со цел да не се дозволи складирање нови количини отпад.


 
     


 
 
26.04.2017 - Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денес го организираше традиционалниот Саем на кариера

25.04.2017 - Почина Љубомир Аврамовски Шапшо

25.04.2017 - Фејсбукот е најчестата алатка за злоупотреба на лични податоци во поширокото тетовско подрачје

24.04.2017 - Резултати на спортските екипи од Тетово

24.04.2017 - Во атарот на село Лешок украдени се 90 украсни дрвца

23.04.2017 - Отворена урбана библиотека во училиште

23.04.2017 - Одиграна преставата Европјани во Центарот за култура Ило Антески Смок во Тетово

22.04.2017 - Реконструирани тротоари од двете страни, нови жардинери со фонтани и внатрешно улично осветлување

22.04.2017 - Регионален натпревар по народна техника денес се одржа во ОУ "Братство Миѓени" во Тетово

21.04.2017 - Поради целосна реконструкција, главната улица во населбата Дутлок во Гостивар во наредните две недели ќе биде непреодна

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.