17.04.2017 - Семејството Ристовски од тетовско Копанце на работ на егзистенцијата


Без доволно храна, облека и средства за хигена, едвај егзистира петчленото семејство Ристовски од тетовско Копанце, во оваа руинирана куќа. Таванот од домот им прокиснува, тоалетот не функционира, влага има насекаде.

Горан Ристовски татко на три деца, вели дека во вакви нечовечки услови започнале да живеат, откако пред 3 години останал без работа. За да биде семејната трагедијата уште поголема, пред 2 месеци починала неговата ќерка.

Единствените примања на семејството се парите од туѓата нега, кои државата ги доделува за неговата сопруга која е болна со чести епилептични напади, дијагноза која ја наследила и нејзината помала ќерка.

Габриела Јаковска од соседното село Жилче, преку социјалните мрежи започна иницијатива за собирање на помош за семејството Ристовски. Вели дека досега е донирано храна и облека и по некое парче мебел, но оваа помош е краткотрајна. За семејството Ристовски каде лошата судбина сиромоштијата и болеста ги доведе до работ на егзистенцијата потребно е многу повеќе, вели Јаковска

Моментално е започната е постапка за добивање на туѓа нега за болната ќерка на Горан Ристовски, помош која ќе им ги ублажи маките на семејството, кое секојдневно се бори за гола егзистенција.

 
     


 
 
27.06.2017 - Многу топол воздушен бран до недела

27.06.2017 - Поради пребрзо возење 5 повредни лица во две сообраќајки во тетовско

27.06.2017 - Кражба во црква во гостиварско Церово

26.06.2017 - Најмногу жители од тетовските општини лани се отселиле во странство

26.06.2017 - Реализиран планинарскиот марш Марко Илиевски

25.06.2017 - Во време кога дигитализацијата зазема се поголем замав во сите аспекти на нашето живеење, направивме анкета со гостиварци - што повеќе сакаат да читаат: книги во печатена или во дигитална форма

25.06.2017 - Верниците од муслиманска вероисповед денес го празнуваат Рамазан Бајрам

23.06.2017 - Презаситеност со информации причина за главоболка и несоница

23.06.2017 - Македонија денес беше под влијание на топлотен бран од жолта алертна фаза

22.06.2017 - Високите температури ја зголемија опасноста од пожари

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.