14.04.2017 - Црквата Св. Николај во населеното место Отушиште се фрескоживописува

Се фрескоживописува црквата Св. Николај во населеното место Отушиште. До сега се живописани дваесетина фрески а работите започнале пред година ипол, по добивањето на благослов од митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф. Главен зограф е Мирко Видоески а негов помошник Славчо Максимовски. Нивната работа е комбинација од византиски, руски и македонски стил.

Основно правило во фрескоживописувањето е придржување кон иконографијата, токму на ова се најмногу фокусирани за време на нивната работа, вели Видоески.

Одличната соработка со црковниот одбор и жителите на селото дополнително ја олеснува нивната работа, сметаат зографите.

Камен темелникот на црквата Свети Николај во населеното место Отушиште е поставен во август 2008 година. Селото брои дваесетина куќи со православно население.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
23.05.2018 - Полициски билтен

23.05.2018 - Свечена академија во пресрет на Денот на сесловенските просветители

23.05.2018 - ОЈО Тетово поднесе обвинение против 13 лица учесници во вооружениот инцидент во Мала Речица

23.05.2018 - Викендов ќе се одржи 37-то традиционално искачување на Титов Врв

22.05.2018 - Прослава на Свети Никола - летен во Доброште

22.05.2018 - Тетово повторно под вода

22.05.2018 - 24 -годишник од Република Албанија заработи кривична пријава поради постоење основи за сторени кражби во џамија

22.05.2018 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

21.05.2018 - Во сообраќајни контроли евидентирани 29 алкохолизирани возачи

21.05.2018 - Случаи на грип во Гостивар и во месец мај

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.