13.01.2013 - Традицијата на сучење на врвката за Водици ги собира семејствата од гостиварско Горно Јеловце на едно место, во црквата Света Богородица во Гостивар

На една недела пред големиот христијански празник Богојавление-Водици започнуваат подготовките за празнувањето. Според обичаите кои со децении се пренесуваат од колено на колено, на денешен ден се сучи врвката со која се врзува крстот.

Оваа традиција ги собира семејствата од гостиварско Горно Јеловце на едно место, во црквата Света Богородица во Гостивар. Иако со години се раселени во градот или странство се уште заеднички ги негуваат адетите.

За оние кои животот го поминуваат во странските земји празниците се убав повод да ја видат татковината, да се радуваат со семејството и пријателите. И иселениците се верни на традициите и секоја година доаѓаат за празниците во родниот крај.

Денот пред празникот според обичајот со крстот мажите ја посетуваат секоја куќа каде се попрскува со осветената вода, а домаќините ги честат со топла ракија и гравче.

Семејствата од Горно Јеловце на Водици повторно ќе се соберат во црквата Света Богородица да го прослават денот.

Љупка Антеска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.