10.10.2011 - Презентиран проектот за општествена одговорност на претпријатијата



Тетово е еден од 10-те градови во Македонија во кој се реализира проектот за општествена одговорност на претпријатијата кој денеска беше презентира, а претставува интегрален дел од серијата активности во рамките на подршката за реализација на националната агенда.

Покрај раководители на претпријатија од Тетово, присуствуваа и претставници од Владата на Македонија, Министерството за економија, стопанските комори, организација на потрошувачи од граѓанските организации и други. Цел на проектот е поддршка на вклучувањето на практиките и политиките на опоштествената одговорност на претпријатијата во главните текови на делувањето на различни чинители во Македонија. Подвлече во своето излагање соработникот на проектот Глигор Михајловски.

За референтната студија во која беа идентификувани слабите страни и предизвици на општествената одговорност на претпријатијата зборуваше претставникот на минитерството за економија Бети Попоска. Во Македонија Општествената одговорност на претпријатијата најчесто се сваќа како обврска само на големите и профитабилни компании и се изедначува со донации, спонзорства и доброволни прилози.

Причината за ова можеби е затоа што повеќето претпријатија општествената одговорност на претпријатијата ја разбираат како надворешна компонента, а не како компонента која треба да биде вградена во стратешките одлуки и мисијата на претпријатијата , подвлече Поповска.

Во презентацијата на проектот учествуваше и претседателката на Организацијата на потрошувачи м-р Маријана Лончар Велкова која укажа на неопходноста од задолжително почитување на законите од областа на општествената одговорност и стандардите, како и од подобруавње на одност работниците и потрошувачите и за запазување на животната средина и намалување на употребата на хемикалии во производството.


Врз основа на размислувањата и изнесените конкретни предлози и мислења за општествената одговорност на претпријатијата изнесени во Тетово, како и во 9-те други градови во Македонија ќе бидат опфатени во збирната информација која ше биде клучна тема на заедничкиот состанок кој ѓе биде одржан до крајот на годинава, а на кој ќе дебатираат странски и домашни експерти и клучни институции за заштита на Шпотрошувачите , животната средина и подобрување на управувањето.

Јован Булески

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.