21.01.2011 - Со финансиски средства наменети за неколку проекти во тетовско министерството за култура ќе даде подршка во заштитата на спомениците од културното наследство и археолошките ископувања

Културното наследство е значаен елемент од нашето постоење како држава и знак за препознавање на македонскиот народ во светот, затоа од големо знаечење е неговото зачувување за идните генерации.

Со финансиски средства наменети за неколку проекти во тетовско министерството за култура ќе даде подршка во заштитата на спомениците од културното наследство и археолошки ископувања.

Во националната програма на министерството за годинава од музејот на тетовски крај влегоа проектите од 4 тата фаза за ископување на епископскиот базикален комплекс Градиште с. Стенче, ископувања на локалитетот Градиште с. Теарце, на локалитетот Тумба во село Брвеница, за третата фаза од изработката на монографијата на НУ Музеј на тетовски крај, проектите за Османлиските споменици во Тетово, Тетово низ илинденскиот период и предмети на колекцијата на Мехмед Палоши.

Буџетските пари ќе се издвојат и за ревалоризација на археолошките локалитети Црница и Два Бреста во Лешок, црквата "Архангел Михаил" во Непроштено, "Св. Никола" во Челопек и "Св.Петка" во Сиричино, за изработка на проект за конзервација на Стара џамија во село Теарце, како и за конзерваторски истражувања и изработка на конзерваторски проект со превентивна заштита за Царските двери од црквата Св. Нилока во село Челопек. Министерството средства ќе издвои и за реализација на конзерваторски проект за оградни зидови на Големо Теќе Серсем Али Баба, трета фаза, како и за конзерваторски проект за куќа на ул Кузман Јосифовски Питу бр.130. во Тетово.

Лилјана Симуноска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.