26.08.2010 - Поставен осветен камен темелник за возобновување на параклис на Свети Димитрија во црквата Свети Никола во тетовското село Одри

Пред голем број православни верници-жители од тетовското село Одри и други гости од околните населени места, во црквата Свети Никола во истоименото село,беше поставен и осветен камен темелник за возобновување на една од најстарите цркви-параклис во полошкиот регион, Свети Димитрие.

Чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот на
возобновениот параклис на црквата Свети Димитрие во присуство на верниците го извршија игумен Теодосиј и отец Перица Бојковски.По осветувањето на водата и маслото и каменот, на местото на возобновувањето ги положи игумен Теодосиј.

Во изградбата на параклисот со материјални средства учествуваа жителите од ова тетовско село,исселниците од Одри во прекуокеанските земји и други.А по пат на традиционалната лицитација на златна,сребрена и бронзена лопата учествуваа речиси сите присутни верници.

Честа како прв втемелувач со лициритање од 320 долари за златна лопата му припадна на Стојче Димитриевски од Одри, втор втемелувач на кого за 150 долари му припадна сребраната лопата беше Димитрие Ристоски, додека бронзената лопата за 150 евра и трет втемелувач беше Петар Богоевски. Задоволството како ктитори не го криеја тројцата втемелувачи, а најмногу добитникот на бронзената лопата.

Чествувањето на поставувањето на камен темелиникот за возобновувањето на параклисот во селото Одри продолжи со осветување на колачот со паричка. Среќата овој пат да ја пронајде паричката му се насмевна на Саше Стојановски, кој воедно ќе биде и кум за наредната година.Жителите на тетовското село Одри денешниот ден го овековечија како голем и значаен ден за опстојување и враќање на корените на домашното огниште и традиции.

Јошко Мисоски




 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.