TVKISS LIVE




 
   

17.05.2012 - Одбележана 69-годишнината од смртта на Иљо Антески-Смок
Со полагање букети цвеќе на споменикот на Иљо Антески-Смок, во населбата Два бреста во Тетово, одбележана 69-годишнината од неговата смрт. Почит му оддадоа голем број граѓани и ученици од неколку основни училишта од Тетово.

17.05.2012 - Со грандиозен свечен концерт, вчера вечер, здружението за култура и уметност Иљо Антески Смок од Тетово одбележа 90 години од своето постоење
Членовите на здружението, пред бројната публика покажаа и докажаа како во изминативе 9 децении со љубов се чуваат и негуваат народните песни, ора и обичаи од тетовскиот крај.

17.05.2012 - Ставен во мирување протестот на родителите на ученици од дислоцираното училиште Братство Миѓени
Доколку не се решат потполно нивните барања тие најавуваат негово повторно активирање.

17.05.2012 - Американскиот колеџ Вилсон во општина Брвеница денес го посетија миниситерот за економија Ваљон Сарачини и заменик министерот за образование Сафет Незири
И двајцата министри со пофални зборови за оваа образовна институција, која го подобрува образовниот имиџ во Макенија.

17.05.2012 - Во СВР Тетово нема пријави од граѓани дека биле испраскани од автомобил додека пешачеле
Пешакот кој бил испрскан може да го пријави несовесниот возач, на кого за овој прекршок ќе му биде наплатена казна од 35 евра или 15 казнени поени. Ако не ја плати, против него ќе биде изготвено барање за поведување прекршочна постапка.

17.05.2012 - Женските чанти, паричнците, мобилните телефони и незаклучените велосипеди, привлечна мета за крадците во полошко
Вешто и досетливо, крадците го користат секое невнимание и тогаш стапуваат на сцена, односно брзо ги одземаат чантите или мобилните телефони оставени на угостителски маси, канцелариски бироа и слично. СВР Тетово апелира до граѓаните за поголема внимателност.

17.05.2012 - Крводарителни акции ќе се организираат наредниот период на високообразовните институции во Тетово
Својата хуманост на дело овој пат ќе можат да ја покажат студентите и кадарот при Универзитетот на Југоситочна Европа во Тетово и Факултетот во близина на Брвеница.

17.05.2012 - Ќе се осветува манастирот "Св. Никола - летен" во село Трница
Викендов ќе биде осветен манастирот "Св. Никола - летен" во село Трница. Осветувањето ќе го изврши митрополитот полошко-кумановски г. Кирил. По осветувањето ќе се продолжи со сеопшта, сенародна програма со настап на реномирани естрадни уметници.

16.05.2012 - Децата со аутизам од тетовско наскоро ќе имаат сензорна соба каква што имаат само два града во Македонија
Во собата која ќе биде во рамки на Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово, стручни лица ќе работаат со аутистичните деца за подобрување на нивната емоционална рамнотежа и поголема социјална вклученост.

16.05.2012 - Улицата "117" во Тетово ќе го носи името на Дритан Хоџа, починат претседател на телевизија во Албанија
Оваа одлука беше усвоена на последната Седница на Советот на Општина Тетово. По тој повод, во петок, на оваа улица ќе биде организирана свечена церемонија за нејзиното преименување.



прикажани: 1 - 11 од 14009  |  следни 10

 
     
 
 
Телевизија Кисс започна да емитува програма во 1994 година и во тоа време беше една од првите приватни телевизиски куќи во Македонија. Нашиот телевизиски сигнал ја покрива полошката котлина и планинскиот регион и опфаќа два града, Тетово и Гостивар и стотина села, односно, околу 300 до 350 илјади потенциални гледачи. Програмата тече 24 часа, а емитуваме програма од наше производство како и лиценцни содржини.
     
   
     
 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     

 
 
наши деловни партнери
 
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.