TVKISS LIVE




 
   

11/21/2018 - Огранокот на ДУИ во Гостивар го обвини градоначалникот Таравари дека направил скандал со тендерот за зимско одржување на патиштата
Од партијата посочуваат дека тендерот го добила туристичка агенција која нема механизација за да го чисти снегот. Градоначалникот ги отфрли обвинувањата и тврди дека биле запазени законските процедури.

11/21/2018 - Миграцијата на населението го десеткува бројот на учениците последниве години
Околу 600 деца кои биле родени родени во тетовско не се запишуваат во прво одделение и околу 400 завршени основци не се запишуваат во општинските средни училишта.

11/21/2018 - Кредитот од 1,5 милиони кој треба Југохром да го добие за филтер станицата не е доволен за нејзина целосна изградба
Кредитот од 1,5 милиони кој треба Југохром да го добие за филтер станицата не е доволен за нејзина целосна изградба. Од комбинатот велат дека системот за отпрашување ќе го доградат до јуни наредната година со нивни средства.

11/21/2018 - Повеќе лица заработија кривични пријави
СВР Тетово ги поднесе кривичните пријави поради постоење основи на сомнение за сторени различни кривични дела, како кражби, тешка телесна повреда и насилство.

11/21/2018 - Акциска контрола за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз во Тетово и Гостивар
Неисправни сопирачки бил најчестиот технички проблем, поради кои возилата биле исклучувани од сообраќај.

11/21/2018 - Од вербална расправија, до закани за убиство. Татко пријавил син за семејно насилство во Тетово
Од денешниот полициски билтен и информација за лишување од слобода и пронајдена марихуана

11/20/2018 - 52 годишник од Милетино загинал во сообраќајка кај Радиовце информира СВР Тетово
Од останатите настани издвојуваат повреден пешак,како и приведени лица осомничени за кражби.

11/20/2018 - Викендов ќе се одржи дванаесеттата меѓународна изложба украсни птици и ситни животни во организација на здружението Дијамантски петел
Нејзиното отворање е закажано за во сабота, во 9 часот.

11/20/2018 - Жените ги има малку на лидерски позиции во бизнисот
За да се поттикнат да ги реалиизраат своите идеи, неопходна е поддршка и помош од семејството и институциите, сметаат експертите.

11/20/2018 - Совети за безбедно возење во зимски услови
Зимата е годишно време кое е предизвик дури и за искусните возачи. Замрзнати врати, прозорци и брави, како и голомразица и магла по патиштата се најчестите проблеми со кои се соочуваат.



прикажани: 31 - 41 од 22624  |  претходни 10 | следни 10

 
     
 
 
Телевизија Кисс започна да емитува програма во 1994 година и во тоа време беше една од првите приватни телевизиски куќи во Македонија. Нашиот телевизиски сигнал ја покрива полошката котлина и планинскиот регион и опфаќа два града, Тетово и Гостивар и стотина села, односно, околу 300 до 350 илјади потенциални гледачи. Програмата тече 24 часа, а емитуваме програма од наше производство како и лиценцни содржини.
     
   
     
 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     

 
 
наши деловни партнери
 
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.